Dark Mode Light Mode

Македонија со шест милиони денари ќе и помогне на Хрватска по разорниот земјотрес

Со шест милиони денари, односно околу 96.000 евра Македонија ќе и помогне на Хрватска во ублажувањето на последиците од земјотресот кој денеска и вчера погоди неколку подрачја. Веста на својот Фејсбук профил  ја соопшти премиерот Зоран Заев.

– Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка, напиша Заев во објавата.

Според последните информации едно 12-годишно девојче загина, а најмалку 20 лица се повредени во денешниот силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој околу 12,20 часот ја погоди областа Петриња. Земјотресот силно се почувствувал и во Загреб и во другите подрачје во Хрватска. Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима.

Реклама

Потрагата по евентуални други жртви е во тек, а уште траат и проценките на материјалната штета како и на бројот на повредени. По главниот потрес околу 12.20 часот, во следните десетина минути во Петриња имало уште 4 помали потреси. 

Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека разорниот потрес во Петриња од 6,2 степена по Рихтер го почувствувале околу 6 милиони луѓе. Потресот се почувствува во БиХ, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Словачка, Србија и Австрија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани на законот за попис

Next Post

На инфективните одделенија во Македонија се лекуваат од вирусот 985 пациенти

Реклама