Dark Mode Light Mode

Ете што може среќата: заборавеното Лозово ќе стане туристичка дестинација  

Селото Лозово се наоѓа некаде на средината од патот Велес – Штип. Многумина сме поминале низ него, ама не сме застанале, нема таму направено ништо посебно за да не измами да подзастанеме. Да, ама така беше до неодамна. Сега Лозово е хит. Таму паѓаат фини  награди – додуша изгледа треба да си фиљан човек за да добиеш, но и да гледаш такво нешто е забава.

Но, да тргнеме со сторијата, извлекувањето на наградата шпорет во рамките на наградната игра што се одржала во општина Лозово денеска стана хит на социјалните мрежи. Причина е што добитник на една од поглавните награди е семејството на градоначалникот Аце Велковски, односно, неговата ќерка. Како сето тоа се случило се гледа и од снимката која денеска кружи по социјалните мрежи.

На крајот од извлекувањето водителката со возбуден глас им соопштува на присутните кој е добитникот.

Реклама

-Без лажи и преваре, ни најмалку, ни најмногу, шпоретот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце. Повели душо, да видиме што ќе кажат тие…, рече водителката.

Потоа, приоѓа ќерката на градоначалникот која објави дека наградата ќе ја донираат.

-Ние фамилијарно го добивме шпоретот и фамилијарно одлучивме да го дадеме на некоја фамилија на која навистина и треба. Среќен роденден Лозово, рече таа.

На ова водителката кажа дека до донирањето шпоретот ќе остане во Домот на културата.

Сето ова предизвуика и бројни коментари на социјалните мрежи. Граѓаните потсетуваат дека градоначалникот Велковски сам си подарува награда и дека е истиот оној кој на Атиџе од фимот „Медена земја“ и ветил вработување кое не се оствари.

-Резил..Проѕирна работа. Смислено сценарио. Колку тоа ние сме хуманисти….Леле, леле да се смееш ли да плачеш ли… коментираа граѓаните на социјалните мрежи.

Сега сите со нетрпение чекаме кога Лозово пак ќе има наградна игра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Како казните за возење прво стигнуваат кај Шилегов?

Next Post

Нови апсења на членови на терористичката ќелија која планирала напади во Македонија

Реклама