Dark Mode Light Mode

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај гостиварско Форино

Едно лице загина, а неколку се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Гостивар – Чегране. Полицијата соопшти дека  околу 20 часот во селото Форино патнички автомобил „Шкода фелиција” со гостиварски ознаки која ја управувал Л.Х. (57) се судрил со „БМВ” со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране.

Во несреќата, возачот Л. Х. задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница, се наведува во соопштението.

Фото: Архива

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно, температура до 12 степени

Next Post

Ах тие шахти: Нов асфалт среде Скопје, ама и нови вирови при прв дожд

Реклама