Dark Mode Light Mode

Спасовски строг за празниците, а ќе запне ли и против крадците во Скопје?

Полицијата ќе правела засилени контроли по викендиците, становите и апартманите за време на празниците. Се со цел никој да не бил изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирања. Ова лично го потврди министерот Оливер Спасовски.

-Имаме акционен план кој ќе го спроведеме во текот на празниците, за Нова година, за Божиќ, секој ден ќе има контроли. Уште еднаш апелираме да прославуваат одговорно, да го сочуваме здравјето на граѓаните, рече Спасовски.

Ваквата подготвеност на полицијата е за поздравување. Произлегува дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола.

Реклама

А ќе биде ли и по празниците така? Скопјани имаат мака и од криминалци, крадци… Не се соборуваат рекорди во Скопје само со корона вирусот. И криминалците не се даваат, запнуваат, работат… исчезнуваат велосипеди, се ограбуваат возила, се влегува во станови, се ограбуваат казина, аптеки…

Лани, вкупно околу 25 милиони евра изнесува материјалната штета која во сите области на криминалот ја направиле скопските криминалци. Ова го покажува Годишниот извештај за 2019 година кој е направен од Секторот за внатрешни работи – Скопје при Бирото за јавна безбедност на МВР. Се работи за редовен годишен извештај кој се доставува до Советот на Град Скопје чии советници го разгледаа неодамна.

-Вкупната материјална штета изнесува 1.548.975.050 денари, а што е за 96,41 процент повеќе отколку што изнесуваше штетата во 2018 година – 788.649.178 (околу 12 милиони евра). Од ова на економски криминал отпаѓа  978.566.408 денари (16 милиони евра), на класичен криминал 570.378.642 (9 милиони евра), а на организиран – 30.000 денари, се наведува во извештајот.

Значи да го повториме прашањето: ќе запне ли полицијата и против пандемијата од криминал? Тој вирус со децении напаѓа, ама МВР не најде лек да го барем изолира – ослаби.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бегале од полиција – се забиле во бандера

Next Post

Се потрошија 100 милион евра за Матка II, а се унакази кањонот

Реклама