Dark Mode Light Mode
Полицијата растури забава во викендичка во Волково, пронајдена е и дрога
Кривични пријави за четири сопственици на угостителски објекти кои работеле по 18 часот
Три лица повредени во сообраќајка

Кривични пријави за четири сопственици на угостителски објекти кои работеле по 18 часот

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 26/12/2020 година во периодот од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време угостителските објекти.

Контролирани се 285 објекти и констатирани се четири непочитувања на работното време (едно во Аеродром, едно во Гази баба и две во Сарај), кое согласно последната одлука се ограничува на 18:00 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а од страна на ДПИ изречена забрана за работа.

Реклама

Во угостителски објект на ул. Перо Наков во 18.40 часот е констатирано дека работи и во него има гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок Во објект на бул. Трета македонска бригада во 20.30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј:, кое е затекнат во обхектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полицијата растури забава во викендичка во Волково, пронајдена е и дрога

Next Post

Три лица повредени во сообраќајка

Реклама