Dark Mode Light Mode
26 починати и 530 новозаразени лица од вирусот
Награди за најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во Скопје
Облачно со повремен дожд и умерен јужен ветер

Награди за најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во Скопје

Доделени наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2020 година. Наградите ги додели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Наградата за најдобар пожарникар за 2020 година ја доби Никола Мајнов – пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“, ја доби наградата за најдобар полициски службеник.

Реклама

Звонко Васев е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

-Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на  скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани од  ковид-19, не можеме да ги заборавиме оние што се истакнале со својата хуманост преку своите дела. Се надевам дека овие награди ќе бидат мотив за добитниците, за нивните колеги, како и за сите нас, како колеги и граѓани да бидеме похумани и посолидарни и да се обидеме да помогнеме секогаш кога можеме, кога на некого ќе му биде потребна помош, рече Шилегов.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

26 починати и 530 новозаразени лица од вирусот

Next Post

Облачно со повремен дожд и умерен јужен ветер

Реклама