Dark Mode Light Mode
Пациентка заболена со коронавирус избегала од болница
Скопје под море од магла и загадување- ист воздух ли дишеме со градоначалниците и нивните семејства?
Имери и Илкоски вечерва на заеднички концерт во Филхармонија

Скопје под море од магла и загадување- ист воздух ли дишеме со градоначалниците и нивните семејства?

Синоќа Скопје се изгуби во маглата  и загадениот воздух. Фотографии на социјалните мрежи од граѓани кои живеат во повисоките делови од градот илустрираа море од магла и ниту едно карактеристично обележје во Скопје не се гледаше. Маглата е карактеристична за котлина како нашиот главен град, несомнено, но „збогатена“ со загаден воздух и чад е дефинитивно формула за уништување на здравјето на скопјани.

Најголемото загадување е во Лисиче и Ново Лисиче, иако според мерните станици бројките на ПМ10 отровни честички се најприсутни во Центар. Околу 19 часот синоќа во Лисиче се измерени 120 микрограми на метар кубен, додека во Центар се 183.

Колку се направи од страна на градоначалниците за да нема вакво загадување? Три години се поминати од нивните мандати.

Реклама

-Очигледно друг воздух дишат градоначалниците и нивните семејства, па не ги боли уво за загаденоста

-Шилегов само што се фалеше дека се намалил бројот на денови со загаденост, ама еве ги почнаа ударните „смог денови“, коментираат граѓаните.

Пред два месеци на две локации во Скопје беа поставени уреди кои собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци. Со анализа на овие податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот. Една од областите е Лисиче – област со индустрија, сообраќај и резиденцијална зона. Сето ова е во ред, но и до сега воздухот се мери во Лисиче и се јасни изворите на загадување. Прашањето е зошто не се реагира соодветно?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пациентка заболена со коронавирус избегала од болница

Next Post

Имери и Илкоски вечерва на заеднички концерт во Филхармонија

Реклама