Dark Mode Light Mode

Магла до пладне, потоа облачно со слаб ветер

Скопје од синоќа е во магла. Цело денешно претпладне ќе биде облачно со појава на магла, во текот на денот маглата че се намали и ќе биде умерено облачност со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне 9 степени.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Имери и Илкоски вечерва на заеднички концерт во Филхармонија

Next Post

Во Кичево запленет цел асенал од близу 37.000 пиротехнички средства

Реклама