Dark Mode Light Mode

Ќе го скрати ли Владата работното време на угостителите во новогодишно-божикниот период?

Конечна одлука за тоа какви нови превентивни мерки против ширењето на корона вирусот ќе важат во новогодишно-божикниот период се очекува да донесе Владата на денешната седница. Комисијата за заразни болести вчера предложи нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари со кој се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот и да нема групирања дома и на отворено.

Препорачана е и забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците. Сега во сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, а апел е и да нема домашни собири за празниците и да не се излегува надвор после 18 часот.

Со ваквите мерки не се задоволни претставници на Независната угостителска комора кои бараа да им се дозволи да работат до 01 часот по полноќ со почитување на протоколите за заштита. Но, Комисијата тоа не го прифати, а сега угостителите бараат од Владата да им ги надомести штетите кои ќе бидат предизвикани од ваквите мерки.

Реклама

Според анализите на Министерството за здравство, претходните мерки веќе даваат резултати, а репродукцискиот број (Р0) или факторот на репродукција, кој на почетокот на ноември беше 1,5, сега е под 1, поточно 0,95. Намалување на новозаразени беше забележано во претходното деноноќие. Вчера беа забележани нови 213 случаи на заразени си коронавирусот од направени 741 тестирања, 26 починати и 632 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.851, бројката на оздравени пациенти е 50.046, на починати е 2.147, а бројот на активни случаи изнесува 21.658. Најмногу активни има во Скопје – 11.307, следи Тетово – 976, Прилеп – 893, Битола – 843.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жена го искрши стаклото на службениот „Пасат“ на Артан Груби, тој не знае која е причината  

Next Post

Професорот Грозданов до министерката Царовска: Не, благодарам на поканата, не се ставам во служба на дневно-политичко саморекламирање

Реклама