Dark Mode Light Mode

Поради пандемијата скопјани помалку се возат со автобуси, а повеќе со автомобили и велосипеди  

Вкупно 28 проценти од испитаниците од Скопје последниот период направиле промена во начинот на превоз поради корона вирусот, покажала онлајн анкетата што граѓанските организации „НаТочак“ и „Одржливи иницијативи“ ја спроведоа во ноември годинава. Со анкетата биле опфатени 1.615 учесници во градскиот сообраќај во врска со нивното движење низ Скопје пред и за време на короната и нивното мислење за велосипедот.

– Бројот на индивидуални корисници на автомобилот пораснал за 21,56 проценти за време на кризата, а бројот на корисници на јавниот превоз се намалил за 55,43 проценти. Околу 90 проценти од оние кои го замениле споделениот автомобилски или јавен превоз со сопствен автомобил, тоа го направиле поради страв да не се заразат со вирусот. За време на кризата се зголемил бројот на луѓето кои пешачат за 22,47 проценти, а на луѓето кои возат велосипед како превоз за 20,88 проценти, покажало истражувањето.

Резултатите од анкетата покажуваат и дека 60 проценти од оние испитаници кои почнале да користат велосипед за време на кризата, живеат во општини кои даваат бенефиции за користење на велосипед како што се Карпош и Аеродром. Анкетата покажа и дека голем број од анкетираните или поточно 80 проценти имаат велосипед. И луѓето кои возат повремено велосипед и луѓето кои вооопшто не користат велосипед, со 97 и со 90 проценти сметаат дека велосипедот треба да заземе поактивно учество во градскиот сообраќај и да се создадат услови за тоа. Три четвртини од оние кои воопшто не користат велосипед одговориле дека би сакале да возат и би возеле кога би имало подобра инфраструктура, безбеден сообраќај и безбеден паркинг. 

Реклама

– Корона-кризата е одлична можност да се воведат нови велосипедски ленти, да се ослободат тротоарите и да се донесат политики за јавниот простор кои ќе овозможат зголемено учество на велосипедот, за сите учесници во сообраќајот, без разлика на нивниот префериран начин на движење. На пример, дури 72 проценти од оние на кои примарно превозно средство им е автомобилот се согласни за поинакви политики за јавниот простор. Велосипедот е најсоодветна анти-корона мерка во сообраќајот за 70 проценти од сите испитаници, но и за 63 проценти од оние кои користат автомобил и за 61 процент од оние кои користат автобус, а истовремено и лесно остварлива, или поинаку кажано, зголемената употреба на велосипеди е втора најостварлива анти-корона мерка после зголемениот број автобуски линии, велат од „НаТочак“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се бара ли посериозно чаре, многумина возат без возачка во Скопје?

Next Post

497 лица се лекуваат од вирусот на инфективните оддели во Скопје, голем дел се на кислородна поддршка

Реклама