Dark Mode Light Mode

Ќе се испрати дополнителен број лекари во ковид-центрите на интерните клиники

Во сите ковид-центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари, договорено е на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на Интерните клиники. На оваа средба се разговарало за третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал.

На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Во моментов има доволно слободни места на Интерните клиники, се следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полицаец возел нерегистрирано возило со одјавени таблички

Next Post

Приведени три лица, двајца се малолетници, краделе од автомобили

Реклама