Dark Mode Light Mode

Вечер ќе светне и новогодишната елка на плоштадот „Македонија

Над улиците во центарот на Скопје почнаа да светат новогодишните украсни чадорчиња. А вечерва главниот град ќе ја добие осветлената и новогодишна елка. Имено, новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе светне вечерва во 19 часот.

Како што беше најавено, поради пандемијата од корона вирусот, оваа година осветлувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде поскромно одколку минатите години. На осветлувањето, вечерва, ќе учествува и градоначалникот Петре Шилегов.

Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.

Реклама

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Не забораваат да натопорат и по некое маженце

Next Post

Виде дождот дека власта не мрдна со прст за спас на Преспанското и Охридското езеро, па...

Реклама