Dark Mode Light Mode

Во Македонија во болница се лекуваат 1.348 заболени од вирусот

Во изминатите 24 часа во болниците во земјата пријавено е дека се лекуваат вкупно 1.348 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 180 слободни кревети, соопшти Министерството за здравство.

По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти, во болницата во Штип – 59 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114.

Реклама

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид-центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од МЗ напоменуваат дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти. Во текот на денот, велат од Министерството, се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштија од МЗ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пронајдени мигранти во камион

Next Post

Дали добро пресмета „Градски паркинг“ пред да бара поскапување на паркирањето?

Реклама