Dark Mode Light Mode

Првиот патнички авион од Киев слета на скопскиот аеродром

Првиот патнички авион од Киев слета на скопскиот аеродром. Украинската авиокомпанија „Виндроуз“ отвора нова редовна авиолинија Киев – Скопје.

-Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, која силно го погоди македонскиот авиосообраќај, отворањето на новата дестинација до Киев и влезот на новата украинска авиокомпанија ‘Виндроуз’, се првите позитивни чекори кон закрепнување, истакнаа од ТАВ Македонија

Авионот од типот Ембраер 145 полетал од главниот град на Украина утрово во 9:50 часот, со 50 патници, а слета во македонскиот главен град во 12 часот на пладне, поврзувајќи ги двата главни града за само 2 часа и 10 минути.

Реклама

„Виндроуз eрлајнс“ ќе лета од Киев до Скопје два пати неделно, во недела и во четврток, со исто време на полетување и слетување  – заминување од Киев во 9:50 часот – пристигнување во Скопје во 12 часот; заминување од Скопје во 12:50 часот – пристигнување во Киев 15:10 часот..

Според најавите на компанијата, летовите од Киев до Скопје ќе функционираат во текот на целата зимска сезона, како и во текот на летната сезона во 2021 којашто почнува кон крајот на март.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ПФЛ: Скопското дерби без голови и без победник

Next Post

659 новозаразени лица од вирусот, починале 23 пациенти

Реклама