Dark Mode Light Mode

Двајца скопјани под истрага за трговија со дрога

Скопското јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот осомничен, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски пакувања со наркотична дрога марихуана, со вкупна нето- маса од 54,82 грама. При претресот кај него била пронајдена и една дигитална вага. Во истиот дом, на булеварот Босна и Херцеговина, при претресот бил затекнат и вториот осомничен, 45-годишен скопјанец, кој кај себе имал една најлонска кеса со 68,42 грама марихуана и уште една дигитална вага со траги од канабис.

Надлежниот јавен обвинител за двајцата осомничени до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ги уништат трагите, како и да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена.​

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

946 нови случаи на корона вирус во земјава, починаа 33 лица

Next Post

Не обучивте наставници за онлајн настава, а камо ли за сексуално образование

Реклама