Dark Mode Light Mode

Откако застана зад Заев – Бучковски стана владин претставник за Бугарија

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски е назначен за специјален владин претставник за Бугарија. Ваква одлука била донесена на денешната владина седница во ситуација кога меѓу двете земји се водат интензивни контакти за изнаоѓање на решение за надминување на бугарското вето за македонската евроинтеграција.

Владините извори, освен што за медиумите го потврдија именувањето, се уште не соопштуваат од каков карактер ќе биде ангажманот на Бучковски во ситуација кога контактите со бугарската страна се одвиваа најмногу преку премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Бучковски е поранешен премиер и министер за одбрана, некогашен лидер на СДСМ кој во изминатиов период е активен со своите ставови по однос на недоразбирањата што Македонија ги има со Бугарија. Тој денеска за „Фокус“ го потврди ангажманот.

Реклама

е надевам дека оваа функција ќе биде додадена вредност во напорите на Владата да изнајдеме решение со пријателска Бугарија во духот на европските вредности, рече Бучковски.

Бучковски деновиве беше еден од ретките што отворено застана зад премиерот Заев по скандалозното интервју за бугарски медиум. Тогаш тој кажа дека „Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности“.

-Ние деновиве поминуваме низ една специфична катарза. По интервјуто на Заев за „Бгнес“. Мене ова ми е веќе Дежа ву. Пред 14 години, кога по средба со бугарскиот премиер Станишев, проговорив дека доаѓа време кога врз основа на заедничката историја треба да градиме заедничка иднина со тоа што ќе почнеме заеднички да ги чествуваме Св. Кирил и Методиј и зошто да не и Илинденското востание, бев дочекан на нож од дел од медиумите. Имаше превирања и во самиот СДСМ, беа нарачувани колумни против мене, се ширеше говор на омраза. Денес повторно, но со посилен интензитет, се обвинува за распродавање на македонската историја друг (премиер). Зошто? Затоа што, според мене, Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, изјави тој.

Инаку, за потсетување, Бучковски беше осомничен во судскиот случај врзан за набавката на резервни делови за бугарските тенкови “Т-55“ кон крајот на 2001 година. Тој, заедно со поранешниот началник на Генералштабот беше обвиниет за злоупотреба на функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови од околу 2,5 милиони евра. Судењето кое почна во 2007 година повеќе пати се повторуваше и Бучковски еднаш беше осуден на затворска казна од две години затвор. Меѓутоа, на третото судење кое се водеше лани, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Со тоа Бучковски беше ослободен од обвинението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На ТВ гледајте пред се емисии со позабавна содржина, документарни, музички прилози…

Next Post

Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се "тандемот лепливи прсти" Заев и Бучковски

Реклама