Dark Mode Light Mode

Центарскиот „пајак“ си сплете мрежа кај 242 несовесни возачи

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 242 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 23.11. до 29.11.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 121 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.

Бројот на собраните возила е речиси ист како и во изминативе недели. Тоа значи дека голем дел од возачите никако не сакаат да се продржуваат до сообраќајните прописи на подрачјетона централната скопска општина.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Скопје

Next Post

Во Скопје казнети 202 возачи, 18 биле без возачка дозвола

Реклама