Dark Mode Light Mode

Драги Ѓорѓиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка. Историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите. Комисијата треба да биде оставена да работи без мешање и притисок. Политиката треба да отвори простор за Комисијата, а не обратно, изјави Драги Ѓорѓиев, претседател на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања за „Дојче Веле

Врзано за вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција „Бгнес“ Ѓорѓиев рече дека „политички изјави не би сакал да коментира, било да се од македонска или од бугарска страна“. Но, она што во моментов ги отсликува состојбите, го смета за резултат на еден генерално погрешен пристап.

-За мене, најболно беше сознанието колку малку се познаваме како општества, а од друга страна очекувањата станаа големи. И затоа кога нема да се согласиме за некое прашање, тоа болно го доживуваме. Во Бугарија се разочараа, бидејќи се надеваа дека овде лесно ќе ја наметнат нивната перцепција и дека таа ќе биде прифатена. Бугарското вето овде болно се доживеа, бидејќи се сметаше дека ќе преовладее блискоста. Тоа е резултат на фактот дека малку се познаваме. Ни треба време за да дискутираме, ако треба и да се караме, се разбира, на научно ниво, со цел подобро да се запознаеме, и за да не ги креваме очекувањата неосновано, туку да ги држиме на разумно ниво, на долг рок. Така разочарувањата ќе бидат помали, а многу поголемо времето посветено на дијалог, потенцира Ѓорѓиев.

Реклама

Врзано за проблемот околу Гоце Делчев тој дече дека задачата на Комисијата не е да го утврдува неговиот идентитет.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Никој не ги прашал Бугарите на референдум, за да можеме денеска цела Бугарија да ја квалификуваме како фашистичка

Next Post

Градел бесправно на парцела од 11.000 метри квадратни во Чаир, добил кривична пријава

Реклама