Dark Mode Light Mode
Грчкиот Forthnet официјално станува дел од United Group
Заев: Никој не ги прашал Бугарите на референдум, за да можеме денеска цела Бугарија да ја квалификуваме како фашистичка
Драги Ѓорѓиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Заев: Никој не ги прашал Бугарите на референдум, за да можеме денеска цела Бугарија да ја квалификуваме како фашистичка

По бурните реакции и незадоволство на граѓаните во Македонија по вчера објавеното интервју на премиерот Зоран Заев се огласи самиот премиер. Тој изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира и дообјасни.

-Никој не ги прашал Бугарите на референдум, за да можеме денеска цела Бугарија да ја квалификуваме како фашистичка, рече Заев, образложувајќи ги неговите ставови од вчерашното интервју.

Тој наведе дека имал обврска кон македонските граѓани да поттикне придвижување кон решение на проблемот.

Реклама

-Треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме капацитет за простување. Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат, рече Заев.

Тој вели дека во 1948 се разладиле односите во тогашна Југославија и Бугарија и постоела железна завеса. Премиерот заедничката историја со Бугарија ја гледа во тоа што според него, во историјата имало луѓе што истовремено се чувствувале и како Македонци и како Бугари.

Заев за отсранувањето на спомен плочите каде пишува „бугарски фашистички окупатор“ вели дека тоа е во согласност со Договорот за пријателство со Бугарија.

-Во дел од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистичка рака, затоа велиме да не заборавиме, но низ простувањето да внимаваме. Тоа е направено на цела територија на државата, на многу места, најголем дел надлежни се самите општини, рече Заев.

Тој уште еднаш повтори дека гледа во иднината.

-Дајте да живееме денес, време е денес да создаваме историја, историја која обезбедува иднина за младите генерации, повика Заев.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Грчкиот Forthnet официјално станува дел од United Group

Next Post

Драги Ѓорѓиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Реклама