Dark Mode Light Mode

Утро со минусна температура, преку ден сончево со слаб ветер

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

На останатото подрачје на Македонија метеоролозите предвидуваат студеното утро и појава на магла во одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од -8 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Наумов и Дивитарова вечерва во МОБ

Next Post

Гази Баба и Аеродром одат кон 1.500 заболени од вирусот

Реклама