Dark Mode Light Mode
Kaзни за 685 лица за неносење маска
Џафери: Албанската азбука е голем дар, аманетот да се чува тој дар е уште поголем
Хоспитализирани уште 35 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Џафери: Албанската азбука е голем дар, аманетот да се чува тој дар е уште поголем

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, во која нагласи дека дарот да се зборува јазикот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем.

-Со особена радост сакам да го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука, кој е востановен по денот кога се одржал Битолскиот конгрес на кој албанските интелектуалци собрани од сите страни, по девет дневна неуморна работа излегоа со најскапоцениот дар за еден народ – унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици, пишува Џафери во честитката.

Тој апелира до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, со свој пример да придонесат во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Kaзни за 685 лица за неносење маска

Next Post

Хоспитализирани уште 35 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Реклама