Полициски службеници од СВР Струмица –Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на 22-годишен жител на Ново Село, како и во домот на неговата баба.
На двете локации е пронајдена и одземена марихуана во количина од 1,5 килограми.
Лицето Д.М. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.