Dark Mode Light Mode

Почна да напаѓа и сезонскиот грип, до сега заболено 141 лице

Вкупно 141 лице во Македонија до сега е заболено од вирусот на сезонскиот грип, објави Институтот за јавно здравје. Во информацијата се наведува дека лани до овој период имало вкупно 169 заболени лица, односно, 28 повеќе отколку годинава.

Во однос на дистрибуцијата на по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 55 случаи (39,0 отсто).

Само во неделата од 09 до 15 ноември во Македонија се пријавени 21 случај на заболени од грип. Заболените се пријавени во Дебар – 15, во Куманово – 4 и во Гостивар – 2. Од нив 9 се на возраст до 4 години.

Реклама

Институтот за јавно здравје потсетува дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, посебно за ризичните групи – постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

-Закажувањето за бесплатните вакцини ќе се одвива кај матичен лекар, преку електронскиот систем „Мој Термин“. Од почетокот на вакцинацијата вакцинирани се вкупно 3.948 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од извештајот на ЦЈЗ Скопје, вакцинирани се 2.000 лица на територијата на Скопје, наведува ИЈЗ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Милошоски: Потребна е експертска влада

Next Post

Ја „закрпиле“ општината Зелениково за 14.500 евра, кривични пријави за неколку лица

Реклама