Dark Mode Light Mode
Државата ќе менаџира со приватните болници при справување со вирусот
Фатени двајца крадци додека ограбувале возило во Скопје, признале и 18 други кражби
Стефан Ристовски е позитивен на вирусот

Фатени двајца крадци додека ограбувале возило во Скопје, признале и 18 други кражби

Приведени се двајца крадци кои во изминатиов период на скопското подрачје извршиле дури 18 тешки кражби, соопшти полицијата.

Во информацијата се наведува дека денеска рано изутрина околу 03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје.

-Тие биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба “ во патничко возило, сопственост на Г.И.(49) од Скопје. Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила на територијата на Скопје, соопшти МВР.

Реклама

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Државата ќе менаџира со приватните болници при справување со вирусот

Next Post

Стефан Ристовски е позитивен на вирусот

Реклама