Dark Mode Light Mode
Стефан Ристовски е позитивен на вирусот
Николоски: Време е за оставка на Заев и за формирање влада за национален спас
Регистрирани 1198 новозаразени со Ковид-19, починале 26 луѓе

Николоски: Време е за оставка на Заев и за формирање влада за национален спас

Премиерот Заев време е да си поднесе оставка. Ова го истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, нагласувајќи дека по четири години, јасно е оти проектот на Заев за ЕУ завршува со целосно фијаско.

Тој смета дека кога Бугарија видела дека Македонија не напредува во делот на реформите и борбата со организираниот криминал и корупцијата, решила да ги постави и своите позиции.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, понуди да се направи средба помеѓу клучните политички фактори во Македонија за декларација со македонските позиции, да се усвои тоа во македонското Собрание, како би можело Македонија со консензус да ги постави своите позиции. За жал, тоа беше одбиено. Потоа следуваше март 2020 година кога Бугарија успеа своите позиции како објаснувачки меморандум да ги направи составен дел на одлуката на ЕУ во однос на почетокот на преговорите на Македонија. Тогаш беше атмосфера на предизборие и власта се обиде да го скрие овој документ. Две недели го криеја документот за потоа да биде презентиран од медиумите, да биде презентиран и од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш јавно повикавме на лидерска средба, на која заеднички ќе заземеме став. За жал, тоа наше барање се одби, се одби барањето за лидерска средба, власта продолжи самата да ги води процесите верувајќи дека ќе може на тој начин да се претставува како единствен фактор што ја движи државата напред, а сите други се, нели, ретроградни сили, посочи Николоски во своето излагање.

Реклама

Според него, сета оваа хронологија покажува дека Владата предводена од Заев нема нити волја нити капацитет да направи реформи, да се бори со организираниот криминал и корупцијата, а уште помалку знае да ги решава отворените прашања.

-Затоа, што побргу, што побргу треба да си заминат. Заев и оваа Влада да поднесат оставка и да се формира влада на национален спас, која ќе даде одговори на оваа голема криза во која се наоѓа Македонија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стефан Ристовски е позитивен на вирусот

Next Post

Регистрирани 1198 новозаразени со Ковид-19, починале 26 луѓе

Реклама