Dark Mode Light Mode

Ќе одговара ли некој и кој за потпорниот ѕид што падна во Пржино?

Се остварија стравовите на жителите на Пржино: вчера попладне падна потпорен ѕид на куќа во чија непосредна близина се градат дури четири повеќекатници. Граѓаните со жив штит се бореа против изградбата, но камионите на инвеститорската компанија не престанаа да работат. Хаваријата од вчера пак ги крена на нозе.

-Кој ќе одговара ако имаше жртви, го молевме градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски да го спречи градењето!

-Падна ѕидот во Пржино! Ова е втор ѕид што паѓа во населбата! Браво градоначалник!, пишуваат скопјани.

Реклама

Додека жителите минатата недела ги блокираа градежните работи, општинскиот инспектор ги повика на состанок, а во исто време камионите на инвеститорот продолжија да работат.

Инаку инвеститорот тврди дека се што гради е согласно деталниот урбанистички план на општината и оти нема намера да престане. За денеска е најавена градежна инспекција од општината која ќе треба да пресече дали на оваа локација воопшто треба да се продолжи градењето.

Сеедно, и да не продолжи, одговорност за ова мора да има, оти можеше да има и жртви.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонија поразена од Ерменија

Next Post

До 31 декември трае конкурсот за расказ инспириран од фотографии на тема животот на Евреите во Македонија

Реклама