Dark Mode Light Mode

По еден месец инспекторите ги видоа дивите продавачи на улицата

За краток временски рок, дивите продавачи на улица беа расчистени, а јавниот простор ослободен за непречено движење на пешаците и велосипедистите... Вака вчера се пофали Градскиот инспекторат објавувајќи ја на социјалните мрежа веста дека се отстранети дивите продавачи на зеленчук на булеварот „Трета македонска бригада“ кај здравствениот дом „Пролет“. Дури се и наведува предупредување дека Градот Скопје „нема да толерира узурпирањето на јавниот простор кој е наменет за слободно движење и ќе ја спречува оваа појава…“

Би се кажало, се е добро. Добро е што инспекторите реагирале и што таму сега се воведе ред. Но, сепак има проблем. Тој е во тоа што оваа акција се случува дури повеќе од месец дена откако таму беа лоцирани дивите продавачи.

Многу граѓани на социјалните мрежи реагираа околу ова, ја повикуваа инспекцијата да реагира, но до сега ништо не се правеше. Зошто, тоа би требало да одговори инспекцијата? Односно, да каже како повеќе од месец дена не ги виделе и не реагираа против дивите продавачи? Или можеби сметаат дека ова што го направија е брза реакција?

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: 10 причини зошто проектот ветување за ЕУ на Заев е мртов

Next Post

„Пајакот“ си фатил во мрежата 246 возила

Реклама