Dark Mode Light Mode

Се најде решение, скопските пожарникари надоместокот за ризик ќе го примаат преку Правилник

Од следниот месец скопските пожарникари надоместокот за ризик привремено ќе го примаат заедно со плата врз основа на правилникот при Министерството за одбрана. Исплатата на овој надомест беше причина за нивниот минатомесечен протест пред Градот Скопје бидејќи во изминативе години единствено можеа да го добијат преку судски спорови. Тоа значи дека основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена за 20 проценти, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната средба со скопските пожарникари ги информира за постигнатото решение.

-Станува збор за привремено решение, најдовме законска форма овој проблем да биде бајпасиран со потпишувањето на денешниот правилник, до донесувањето на законот за пожарникарство. Моето инсистирање, и како градоначалник и како претседател на ЗЕЛС, е дека ние мора да имаме законска форма на решавање на проблемот на пожарникарите на ниво на целата држава, бидејќи ова е едно парцијално решение кое се однесува само на противпожарната бригада на Град Скопје. Овие луѓе секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги отстранат опасностите во кои се наоѓаат граѓаните и таа нивна благородна дејност мора да биде опфатена со целосно законско решение, изјави Шилегов.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бројот на смртни случаи од вирусот за една недела зголемен за 35 проценти

Next Post

Владата смета дека би било неодговорно да си даде оставка

Реклама