Dark Mode Light Mode

Загрижувачко: Лани во Скопје секојдневно се извршувале 23 кражби

Криминалот e одомакинет во македонската метропола. По скопските населби и натаму секојдневно се прави голем број на кривични дела – 29 во еден ден, од кои се 23 кражби, покажуваат последните податоци на Министерството за внатрешни работи.

Во извештајот за состојбите во главниот град за минатата 2019 година кој го изработи Секторот за внатрешни работи – Скопје при Бирото за јавна безбедност на МВР, а беше разгледан од Советот на Град Скопје се наведува дека лани имало 10.838 кривични дела на скопскоро подрачје. Од нив, 8.575 биле кривичните дела против имотот, односно, биле класични кражби и разбојништва, што значи дека во просек дневно се извршувале нешто над 23 кражби.

  -Ова е за 1.607 кривични дела помалку отколку што ги имало во 2018 година (12.445) и што е намалување на дневниот просек на бројот на кривичните дела од 34 на 29, се наведува во извештајот.

Реклама

„Скопско ехо“ веќе објави дека материјалната вредност на кривичните дела во минатата година изнесувала околу 25 милиони евра – од областа на економскиот криминал штетата била 16 милиони евра, а од областа на класичен криминал 9 милиони евра.

Инаку, податоците на МВР покажуваат дека и натаму најмногу се краде на подрачјето на скопската општина Центар. Таму лани имало 2.873 кривични дела што е помалку од 3.159 во 2018 година. Намалување на кривичните дела имало и на подрачето на други полициски станици. По Центар, лани најмногу кражби имало во Гази Баба – 1.793, Карпош – 1.466, Аеродром – 1.177, Чаир – 933, Бит- Пазар – 894, Кисела Вода 708, Ѓорче Петров – 686 и Драчево – 288.

Бројките се загрижувачки иако статистиката покажува дека се намалуваат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Внук спречил силување на баба му во Струмица

Next Post

Со вирусот заразени се 17.800 лица во Македонија, надлежните велат дека има слободни кревети во болниците

Реклама