Dark Mode Light Mode
Санкционирани 326 возачи во Скопје
Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: За диносаурси и лампиони Шилегов троши над пола милион евра
Жена падна во автобус, со тешки повреди е пренесена во болница

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: За диносаурси и лампиони Шилегов троши над пола милион евра

За диносаурси и лампиони Шилегов троши над пола милион евра, а ниту денар за борбата против корона, велат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ во град Скопје.

Тие преку соопштение наведуваат дека за пластични диносаурси и украсување со лампиони Шилегов ќе потроши вкупно 525 илјади евра, во исто време кога не дава ниту денар за борбата против коронавирусот.

„Новите пластични диносаурси кој ги набави Шилегов за Золошката градина градот Скопје го чинат 325 илјади евра, дополнително Шилегов ќе потроши 200 илјади евра за лампиони, светилки и новогодишно улрасување на градот. Со вкупно 525 илјади евра можеше Шилегов да купи најмалку 15 возила за итна медицинска помош, да се изградат неколку монтажни ковид центри, да се купат 1000 лап топ компјутери за дечиња кои не може да ја следат он лајн наставата која се организира поради заштита од короната. Шилегов даде предност на лампиони и диносаурси наместо на набавка на болнички возила, монтажни болници, лап топ компјутери за учениците кои ги немаат“, велат од советничката група.

Реклама

Додаваат дека е лудо да се трошат пари за лампиони, а да нема за средства за спас на животи и помош на граѓаните.

„На Скопје му треба градоначалник работник, а не лампион градоначалник“, се додава во соопштението на советничката група.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Санкционирани 326 возачи во Скопје

Next Post

Жена падна во автобус, со тешки повреди е пренесена во болница

Реклама