Dark Mode Light Mode

На што ни мириса главниот плоштад?

Колумна на Владимир Величковски:

Скопје, подложено на примитивен бран на деструкција е град на оштетени души распнати меѓу материјалниот и внатрешниот метафизички живот. Денес (заради корона пандемијата) ги броиме умрените (како што по земјотресот 1963. ги броевме жртвите под рушевините), и во таа голема мачнина си го потврдуваме сопственото постоење. Чуден немир, и во тишина (без тајна) и во бучава која убива. Немаме скопски „Градословар“, што значи отсуствува борба за градот.

Многу обични нешта: на места каде што имаше бавчи никнаа густо поставени згради со конфекциски сличен изглед. Градскиот архив, токму заради таквата градежна агресивност е одвај забележлив (станува збор за значајно архитектонско дело познато и надвор од земјата). Каде е тука законот и грижата за идентитет?! Порано мирните улички станаа неподносливо бучни, особено Партизанска“ („булевар на смртта“); по патеките предвидени за пешаци се движат моторџии и велосипедисти кои создаваат несигурност и вознемиреност. Факт е дека не научивме како да се движиме и однесуваме правилно не само по скопските улици туку и на други места. Има луѓе (за жал) кои се хранат од контејнерите; токму заради тоа секогаш може да се види ѓубре со разновидна содржина расфрлано по тревниците (и така со мала површина). Тоа се места за одмор, но исто така и за одбирање алишта извадени од контејнер (некој може тука да си ги види и своите алишта) распоредени како во уличен „ бутик“ . Под едно дрво некој подредил лежај (каде е границата меѓу уметноста и животот?!) од шарен јорган со две големи сини перници – еден пријатен момент на одмор на окото. Во автобус наидувам на жестоко расечено седиште: кому ли му сметало она што е корисно за сите?! За што служат фонтаните? Секако за разладување, за играње со водата но и за одржување лична хигиена при што – најважна е детската смеа, што ни недостасува. Луѓето (делумно оправдано) тешко се одвикнуваат од своите навики дури и во „новоуредениот“ град: на плоштадот може да се почувствува многу „позната“ миризба (од измет и урина) која доаѓа од недовршените, но и изведени зградиособено зад високите мермерни постаменти (врз кои се поставени „монументи“ на одделни значајни историски личности. Атрактивната стара чаршија куртули од проектот, меѓутоа факт е дека старите занаети исчезнуваат. Монументот Скендербег (солидно изработен ) е поставен на мал простор (на изолирано неугледно место) во „дворот“ на општина Чаир; тоа е уште еден пример за несреќната (за некого нормална) подвоеност во општеството.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Next Post

И понатаму ли мислат дека со клечење и отстапки ја носат Македонија на добар пат?

Реклама