Dark Mode Light Mode

Quo vadis Вардаре?

Колумна на Драган Томовски:

Можеби насловот повеќе можеше да биде и Requiem за Вардар, но ајде да се надеваме дека Вардар, иако веќе клинички мртов, сепак ќе преживее. Нашот миленик и најголем спортски бренд, лично јас го паметам и како:
-Клуб кој играше видна улога во југословенскиот шампионат (беше и
шампион).
-Клуб – учесник на Лига на шампиони, Уефа куп, Средноевропски куп, Куп
на саемски градови, Балкански куп…
– Клуб кој ја освои првата шампионска титула и куп а потоа уште неколку
последователно.
– Клуб што продуцираше најголем број на репрезентативци во сите
категории.
– Клуб на видни тренери, академици, функционери, доктори, обвинители,
новинари….
– Клуб што прв ја промовираше идејата за Балканска лига.
– Клуб што прв на овие простори стана самоодржив, правејќи ги првите
маркетиншки пакети, првите договори за домашни и интернационални ТВ
права.
– Клуб што прв во светот имаше своја авио компанија.
– Клуб што организираше 2 прекуокеански турнеи во Австралија и Јужна
Америка.
Подоцна разбрав за „фискултурата“ со фузија со Миравци, а дојде и новиот
„спонзор“.
Сега пак разбирам, дека Вардар е клинички мртов, дека „со попуст“ игра
 во нашиот шампионат со долг од 6 милиони евра и дека деновите му се одброени па затоа прашувам:
– Дали некој може да каже зошто спонзорот не ги исполнува обврските?
– Зошто Вардар трошел 5 – 6 милиона евра, ако за ист резултат се доволни
и 2 милиона?
– Колку средства клубот „приходувал“ од добро смислената варијанта со Законот за данок на профит, практично на сметка на даночните обврзници?
– Дали во клубот е вршена финансиска контрола
 и што е со дуплите договори?
– Зошто „ги наместија“ легендите на Вардар: Панчев, Најдовски,
Бабунски..?
– Како игралиштето што беше во владение на Вардар 70 години стана
 сопственост на Самсоненко?
– Зошто ги лажете хероите на Вардар, неговите играчи и навивачи, ги злоупотребувате во „бизнис“ и политички цели и смислено „го убивате“ Вардар?
Овие прашања заслужуваат ваш одговор поради јавноста, но и огромната армија на навивачи и поддржувачи на Вардар, кои со право се загрижени.
Како поминува времето, шансите за спас на Вардар се се помали, при што, губат сите: спортот, клубот, играчите, навивачите, доверителите, но сепак најмногу државата.
А шанси сепак има….

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведени двајца крадци што краделе од 16 возила во Шуто оризари

Next Post

Внук спречил силување на баба му во Струмица

Реклама