Dark Mode Light Mode
Добро е, Шилегов има план за справување со загадувањето
21-годишник крадел се што дофател: 29 таблет компјутери, греалки, 4 теписи, 15 литри зејтин, телевизор…  
Во Штип ќе се поставува монтажна болница

21-годишник крадел се што дофател: 29 таблет компјутери, греалки, 4 теписи, 15 литри зејтин, телевизор…  

Се и сешто крадел 21-годишен скопјанец против кого е поднесено обвинение за пет кражби сторени во октомври годинава од страна на Основно јавно обвинителство – Скопје до надлежниот суд.

Обвинетиот на 17 октомври, насилно провалил во просториите на невладина организација на улица „Вашингтонска“, од каде одзел 28 таблети, еден лаптоп компјутер, една панелка за греење, две греалки, електричен бокал и три пакети со прехранбени производи, во вкупна вредност од 232.200 денари. Во временски период меѓу 20 и 22 октомври, насилно отворајќи го прозорецот од бањата, провалил во куќа на еден оштетен на улица „Црноок“ и одзел четири теписи, 15 литри зејтин и еден фен за коса, во вкупна вредност од 27.400 денари, се наведува во информацијата.

ОЈО наведува дека обвинетиот на 28 октомври, на сличен начин, обвинетиот влегол во куќа на улица „Вашингтонска“ од каде одзел телевизор вреден 15.000 денари. На 30 октомври од друга куќа на истата улица одзел таблет – смарт пад, вреден 6.000 денари и избегал.

Реклама

Обвинетиот на 3 ноември, го искористил невниманието на еден оштетен кој бил во фризерски салон на улицата „Индира Ганди“, па од дворот на фризерницата му го украл електричниот тротинет вреден 30.000 денари, наведува ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Добро е, Шилегов има план за справување со загадувањето

Next Post

Во Штип ќе се поставува монтажна болница

Реклама