Dark Mode Light Mode

Добро е, Шилегов има план за справување со загадувањето

Инспекцискиот надзор врз загадувачите, решавање на јавниот транспорт за да се дестимулираат граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај и организирано затоплување на домовите, се трите компоненти со кои во наредниот период ќе се решава проблемот со загадувањето на градот. Ова денеска го кажа скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Врзано со ангажманот на инспекцијата тој рече дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. При ова мониторингот се врши секоја вечер со термални дронови.

Втората компонента е на самиот крај. Тоа е решавање на јавниот транспорт со што ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај. Некаде после нова година се објавува јавната набавка, и тоа ќе се имплементира до крај на 2021 година. Ќе биде многу поекономично, поисплатливо и пологично да го користите јавниот транспорт како варијанта за превоз на луѓе отколку сопствениот автомобил, рече Шилегов.

Реклама

За третата компонента тој објасни дека за организирано затоплување на домовите ќе бидат понудени социјални пакети.

-Ова со цел и овие граѓани да бидат дел од централното греење, со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите. Тука имавме сериозна интервенција оваа сезона. Околу пет илјади оџаци во нашиот град помалку зарачат што не е доволно. Суштинско е да градските енергетски системи, конечно Регулаторната комисија го реши проблемот кој што го имаме со издавањето на лиценца, со цел да трите мрежи ги добиеме и да можеме на граѓаните на организиран начин понудиме и социјални пакети да бидат дел од централното греење со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите, појасни Шилегов.

Да се надеваме дека сето ова што е најавено ќе се реализира, а останува да паметиме дека Шилегов одамна вети дека со плански настап загадувањето ќе се намали за 50 проценти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Полициски час уште не е потребен, но можни се дополнителни мерки

Next Post

21-годишник крадел се што дофател: 29 таблет компјутери, греалки, 4 теписи, 15 литри зејтин, телевизор...  

Реклама