Dark Mode Light Mode

До 6 декември тече конкурсот на „Темплум“ за најдобро дебитантско прозно дело

По петнаесетти пат е распишан конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис на македонски јазик на издавачката куќа Темплум, именуван како „Новите!“. Учесниците треба да напишат ракописи кои се испраќаат по електронска пошта, на кирилица во македонска поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат. Наградата изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Наградата ќе се додели кон крајот на месец декември 2020 година. За наградата можат да конкурираат исклучиво дебитанти кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.

Ракописот не смее да биде подолг од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, а да не биде покус од 48 страници, т.е. 90.000 компјутерски знаци. Ракописите можете да се испраќаат до 6-ти декември 2020 година на адреса достапна на веб страната на Темплум.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој ќе одговара ако се случи трагедија при ново крадење на решетка на „16-та Македонска бригада“?

Next Post

Променливо облачно со повремен дожд

Реклама