Dark Mode Light Mode

Македонскиот „Врба“ кандидат за „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм

Едно од најнаградуваните последни дела на Милчо Манчевски, „Врба“ е кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар долгометражен интернационален филм за 2021 година.

Од Друштвото на филмските работници на Македонија соопштуваат дека во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Кеиф“ на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли. Американската академија за подвижни слики, уметност и наука ја прифатила и одобрила апликација на „Врба“.

Поради ковид-пандемијата, 93-тата церемонија за доделување на наградите „Оскар“ ќе се одржи подоцна од вообичаено, односно на 25 април 2021 во Лос Анџелес.

Реклама

Годинава во трката за „Оскар“ влезе документарецот „Медена земја“ кој доби номинации и за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: нема да има кревети, сите болници ќе се ковид центри - не е ли време за општа мобилизација на приватните лекари и болници?

Next Post

Облачно со повремен дожд во вечерните часови

Реклама