Dark Mode Light Mode

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти и свирчиња против изборот на Кацарска за уставен судија

Транспаренти на кои што беше напишано „Кацарска значи неправда“, „Кацарска извршител на мафијата“, „Стоп за трас-трас уставен судија“ и со употреба на свирчиња… пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваа на изборот на Добрила Кацарска за уставен судија. На почетокот на денешната собраниска расправа опозициските пратеници парадираа низ собраниската сала за да покажат дека Кацарска е не заслужува да биде избрана за уставен судија. Таа, инаку, е предложена од страна на Судскиот совет.

Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара пауза за да опозицијата да ја разгледа подобро биографијата на кандидатката за уставна судијка.

Очекував барем малку доблест од Судскиот совет и од владејачкото мнозинство. Да слушнеме зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија. Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал, рече Мицевски.

Реклама

Пратениците во своите дискусии ја критикуваа Кацарска, како блиска до СДСМ и како пример за пристрасност, необјективност и селективност на судската власт во земјава. Ја означија и како одговорна за затворската казна на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која, како што беше речено, била несоодветно третирана додека беше бремена…

– Опозицијата реагира на ова кадрово именување заради тоа што со нејзиниот лик и дело апсолутно ќе се исполитизира работата на Уставниот Суд. Кацарска претставува една спрега која што служи само за казнување на политички неподобните, спрега која што идеше СЈО те тужи а Кацарска те суди. Таа ќе биде запаметена во македонскиот правосуден систем со низа прекршувања на судските пракси, како и за инструмент на кршење на отпор и закани кон неистомисленици, изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојановска, пак, рече дека „По овој пример можеме да очекуваме Заев да ја именува Лидија Димова за министер за финансии, Катица Јанева за министерка за правда, а Боки 13 за директор за Фондот на иновации“.

На тоа реплицираше Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

-Зборувавте се, но не и за она што значи вистинска независност на судството. Очигледно не можете да оттгрнете од политичката пресметка со претседателот на Владата, Зоран Заев. Со кое право вие зборувате за независност на судството, а го кршите амандманот 29 од Уставот на кој се повикувате. Прочитајте што пишува: Судскиот совет предлага двајца судии на Уставнот суд од редот на судиите и единствено тој може да ги предложи, потенцира Калевска – Ванчева.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Превртено возило во сообраќајка на булеварот „Свети Климент Охридски“

Next Post

Ракометарите против Финска ги започнуваат квалификациите за ЕП 2022

Реклама