Dark Mode Light Mode

Судот им ги одзеде пасошите на Лидија Димова и на поранешен соработник во Националната агенција

Судот донесе решенија со кои го уважи предлогот на разрешената директорка Лидија Димова и на поранешниот надворешен соработник во Националната агенција за европски образовни програми, Александар Гочев да им определи мерки: oдземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, обврска за повремено јавување во судот и забрана за вршење на одредени работни дејствија, соопштија од Кривичниот суд.

На 2 ноември судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерки за претпазливост за Зоран Златковски, сопственик на фризерницата В.Е.З. Трејд, за која „А1он“ објави дека од Националната агенција добила 270 илјади евра. Мерки за обезбедување на присуство, не беа побарани само за пензионираната благајничка, Ана Павлиду.

Разрешената директорка денеска ги избегна камерите и новинарите, без да даде одговор дали навистина сторила злоупотреба на европски фондови, за што ја товари Обвинителството. Таа од судот излезе со нејзината адвокатката која на прашањата за Димова одговори: „Во друга прилика”.

Реклама

На распит беше и Александар Гочев, второосомничен во случајот кој го води Обвинителството.

Кривичната пријава против Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и Ана Павлиду ја поднесе Финансиската полиција, а Обвинителството покрена истрага. Делата за кои се сомничат се злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на европски фондови и несовесно работење во службата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Улицата „Бојмија“ зад ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром ќе биде еднонасочна

Next Post

Им кажаа на пожарникарите дека постои волја и средства за да се решат нивните барања

Реклама