Dark Mode Light Mode

За еден час над 60 казни во Делчево и Берово

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Делчево и Берово, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Делчево.

-Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Делчево и Берово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Реклама

-Само за еден час во денешната акциска контрола во Делчево и Берово се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Делчево и Берово ќе бидат презентирани утре.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Next Post

Угостителски објект во Франгово работел по 23 часот

Реклама