Dark Mode Light Mode

Запленет кокаин во Кичево, приведен дилер

Полициски службеници од Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети.

„На 24 октомври околу 20.20 часот на булеварот Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети“, информира МВР.

Одземено е возилото “цитроен”, како и возило “порше”. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

Next Post

ПФМЛ: Шкендија го пречекува Работнички во дербито на денот

Реклама