Dark Mode Light Mode

Тешко повредено момче во сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман

Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрово, за МИА потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед во кавадаречката болница.

– Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцевобелодробен систем и го упативме на клиника во Скопје, во Ургентен центар, рече докторот.

Од МВР потврдија за МИА дека околу еден часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман кај село Манастирец патничко моторно возило ,,ауди” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 23 годишен кавадарчанец, излетало надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа при кавадаречката полиција. (МИА)

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шкендија во дербито го декласира Вардар

Next Post

Во Горно и Долно Лисиче казнети 20 лица кои возеле без дозвола

Реклама