Dark Mode Light Mode
Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за сообраќај
Неготинчанец го оставил детето во градинка на чување и заминал на тестирање, резултатот е позитивен на Ковид-19!
СДСМ не гледа причина за лидерска средба за односите со Бугарија, економијата, пописот...

Неготинчанец го оставил детето во градинка на чување и заминал на тестирање, резултатот е позитивен на Ковид-19!

Маж од Неготино во четвртокот го оставил своето три-годишно дете во градинка и заминал да се тестира за корона вирус. Неговиот резултат е позитивен. Мајката не се тестирала, а детето ќе биде тестирано- информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Во истата група во која престојува детето на позитивниот маж, денес е регистриран позитивен случај кај дете на три годишна возраст, кое било тестирано бидејќи пројавило симптоми.

Од центарот појаснуваат дека цела група од 13 деца е во изолација, како и воспитувачката и негователката.
Апелираат на почитување на мерките за заштита, и сите кои имаат симптоми да се изолираат и да го контактираат матичниот лекар, а не да се движат помеѓу луѓе.

Реклама

Денес во Тиквешијата се регистрирани рекордни 20 позитивни случаи, од кои 15 во Кавадарци, три во Неготино и два во Демир Капија.

Две лица се хоспитализирани, а помеѓу инфицираните има и медицинска сестра.

Дури петнаесет од нив не знаат од каде се заразиле, додека пак само пет навеле дека биле во контакт со веќе позитивен пациент.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за сообраќај

Next Post

СДСМ не гледа причина за лидерска средба за односите со Бугарија, економијата, пописот...

Реклама