Dark Mode Light Mode

Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата

Пристапот до квалитетно образование е најдобрата превенција од сиромаштијата, затоа како министерка ја продолжувам мојата силна заложба за искоренување на сиромаштијата и подобрување на условите за учење во државата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 17 октомври -Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

„Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието“, рече Царовска.


Годинешниот Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата го дочекуваме во исклучителни услови. Светската пандемија дополнително го истакна социјалниот јаз во земјите и потребата да вложуваме во образованието за да ја намалиме сиромаштијата.

Реклама

– MОН ги повикува сите партнери да продолжиме да работиме неуморно за да ги совладаме сите предизвици. Да ги исправиме сите неправди и да овозможиме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете. Пред нас е многу работа и многу реформи кои мора да ги спроведеме час поскоро. Пандемијата ни го отежнува секојдневниот живот и работењето, но ни помогна во неколку работи. Да ја забрзаме дигитализација, да ги забрзаме реформите и да го раздвижиме целиот образовен систем – рече Царовска во обраќањето.

Министерката Царовска по повод 17 октомври минатата недела го посети ОУ „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел кадешто со првачињата читаа сликовници со едукативни содржини и разговараа за тоа колку учењето е важно.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Момче од Дебар приведено поради прашкаста материја

Next Post

Град Скопје го продолжува јавниот повик за субвенции за инвертер клими

Реклама