Dark Mode Light Mode

Обвиниение против две лица за дивите платформи на Матка

Две лица од Глумово се обвинети за поставување на две платформи на езерото Матка, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Тоа против нив поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик.

-Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2, се наведува во обвинението.

За вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, се наведува дека делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која изградил времен објект со површина од 187 м2.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Да не постоеше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме за да биде мост на пријателството

Next Post

Шилегов: Градот Скопје да добие јурисдикција врз скопските општини

Реклама