Dark Mode Light Mode

Позајмил автомобил па го продал на отпад за 2.480 евра

Кривична пријава за измама добил жител на Дебар кој од жител на Гостивар позајмил возило кое потоа го продал на отпад, информира полицијата.

Настанот се случил во Дебар во август годинава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 03.08.2020, пријавениот позајмил возило „Фолксваген голф“ од М.С.(29) од Гостивар, сопственост на таткото на неговата сопруга и наместо да го врати возилото, го продал во отпад за возила во Дебар, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од 153.750 денари, соопшти полицијата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Народна банка поднесе кривична пријава против одговорните за стечајот на „Еуростандард банка“

Next Post

Јакимовски до Османи: Престани да ни попуваш на нас Македонците

Реклама