Dark Mode Light Mode
Судот ја одби тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ
Дебакл: Владата предвиде граѓаните да потрошат 170 милиони евра, ама тие поарчија само 8,5 милиони
На три лица им одобрил возачки дозволи иако не го положиле испитот

Дебакл: Владата предвиде граѓаните да потрошат 170 милиони евра, ама тие поарчија само 8,5 милиони

За време на тридневниот „Викенд без ДДВ“ граѓаните потрошиле 526 милиони денари, односно, 8,5 милиони евра, информираа денеска од Управата за јавни приходи. Ова значи дека на граѓаните ќе им биде вратен данок во вкупна вредност од 63,4 милиони денари или нешто повеќе од еден милион евра. Од Управата за јавни приходи велат прометот на 10, 11 и 12 октомври кога и беше Викенд без ДДВ е за два пати поголем од потрошеното во трите дена кои им претходеле.

Ова е значително, значително помалку од очекувањата кои пред акцијата ги најавуваше Владата според кои се предвидуваше дека во овие три дена граѓаните ќе направат промет со домашни производи од 170 милиони евра, а на граѓаните да им се врати ДДВ од 17 милиони евра.

Во УЈП не очекуваат дека во наредниве два дена, во текот на кои граѓаните имаат право да ги скенираат сметките, значително ќе се смени билансот.

Реклама

Данокот за скенираните сметки државата ќе го враќа за 15 дена од скенирањето. Секој поединец можеше да скенира сметки за вкупен промет со македонски производи или ИТ опрема од најмногу 30.000 денари.

Инаку, за време на викендот дел од граѓаните се пожалија дека не пазареле многу бидејќи немаат доволно пари за да се осети придобиката, немало многу голем избор на македонски производи, а компјутерите биле прескапи. Се пожалија и дека значаен дел од дуќаните не биле отворени цело време.

Останува да се види дали Владата ќе ја повтори оваа мерка за помош на економијата и граѓаните.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Судот ја одби тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Next Post

На три лица им одобрил возачки дозволи иако не го положиле испитот

Реклама