Dark Mode Light Mode

Најнова најава на Шилегов: „Лајка“ се отвора утре

Отворање на новиот стационар ЈП „Лајка“ ќе се одржи утре во 12:00 часот на локација – поранешен стационар Вардариште, информира денеска Градот Скопје. Во најавата испратена до медиумите се наведува дека на настанот изјави ќе дадат градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. 

Ова е, да се надеваме, последна најава за отворањето на стационарот која ја дал скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Неодамна тој најави дека стационарот ќе се отвори минатата среда доколку тестирањата покажат дека меѓу вработените нема заболени од корона вирусот. Тоа не се случи ниту беше објавено дали има позитивни лица меѓу вработените.

Инаку неколку „среди“ беа најавени како датум за отворање на јавното претпријатие.  Шилегов на 17 јуни даде најава дека отворањето ќе биде „за една седмица“, на 2 јули дека “ќе биде за кусо време“ за да потоа најави дека отворањето ќе се случи „кон првата половина на септември“…

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На три лица им одобрил возачки дозволи иако не го положиле испитот

Next Post

Ќе се прават законски измени за да се воведе носење на маска на отворено, забрана за групирање по дома...

Реклама