Dark Mode Light Mode

Иако сме исцрпени должни сме против Грузија да го дадеме максимумот

Репрезентацијата на Македонија утре ќе ја пречека Грузија во рамките на четвртото коло од Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев прес-конференцијата истакнаа победата е обврска, иако противникот е силен, а Македонија нема да биде комплетна.

– Атмосферата во екипата е добра, иако не го остваривме планираното во Естонија. Сепак, да не заборавиме дека нашата главна цел ја постигнавме, а тоа е дека Македонија е на чекор до Европско првенство. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето и без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не очекувам противникот да калкулира со составот, напротив,- изјави селекторот Ангеловски.

По повод утрешниот натпревар изјава даде и капитенот Горан Пандев:
-Секако дека ќе им дадам поддршка на сите играчи кои ќе настапат. Имаме многу нови играчи, секако им треба мотив и јас стојам зад нив. Ќе го дадеме максимумот. Сите што сме тука конкурираме за првите единаесет. Ритамот е пеколен, три меча и тешко е. Не може секој меч да се добие, но уверен сум дека утре ќе дадеме се од себе да оствариме нова победа без разлика кој ќе истрча на теренот,- рече Пандев.

Реклама

Дуелот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“, утре со почеток од 20:45 часот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За половина денар по литар поскапеа горивата

Next Post

Помалку тестирања - помалку заразени: 80 нови случаи, 3 лица починаа од вирусот

Реклама