Dark Mode Light Mode

Пајакот шамарал во Центар, а и блокаторот се истакнувал…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 255 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05.10. до 11.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 131 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На Средно Водно приведен скопјанец со марихуана

Next Post

Димова: Не планирам да поднесам оставка, парите се делат по програма

Реклама