Dark Mode Light Mode
Македонскиот џин Теодор Симиќ пријавен во ростерот на Барса за Евролигата
Арсовски: Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата кој доби 270.000 евра
Велешанец тешко повреден во експлозија на плинска инсталација

Арсовски: Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата кој доби 270.000 евра

Достигнат е врвот на скандалите во СДСМ. Лидија Димова доделила на свој пријател 270.000 евра, односно доделила грантови за едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување на фризерница, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Според сликава позади мене која е на увид на медиумите, можеме да видиме прилично опуштена атмосфера во кафеана каде што седат добитникот на грантот и сопственик на фризерницата Златковски, како и директорката на агенцијата која ги доделува парите Лидија Димова. Директорката назначена од СДСМ.

Реклама

Од сликата јасно се гледа дека прилично добро се познаваат и се блиски двајцата. Дополнително Зоран Златковски бил обучувач ангажиран преку агенцијата за проектите во програмата Еразмус +, односно ангажиран како надворешен соработник.

Член 21 од статутот на агенцијата вели, член на советодавното тело и надворешен соработник не можат да бидат корисници за програмата која е избран.

Затоа прашуваме, дали Златковски бил обучувач на програмата Еразсмус +, ангажиран од агенцијата и од Лидија Димова?

Дали е законски и дали смеела Лидија Димова да дозволи обучувачот Златковски на програмата Еразмус + да биде и добитник на грант од истоимената програма Еразмус + според овој член од статутот?
Дали ова е противзаконско доделување на грантови? Дали ова доколку е така е класична злоупотреба на пари во институција?

Прекршување на закони, сомнеж за проневера на пари, директорување на директорка кое е под знак прашалник дали било чесно, или не, а по сите сомнежи изгледа дека не, патем и за која се води постапка во антикорупциската, а јавното обвинителство се уште молчи за овој скандал каде што се доделени 270.000 евра на фризерница за еден од грантовите, едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување.

Фризерница и едукација за медиумска писменост немаат никаква допирна точка.

Ова ќе биде, по се изгледа, уште еден случај каде што има сомнеж за директор од СДСМ дека злоупотребува службена должност и пари, јавното обвинителство и Заев го штитат и не дозволуваат да се истера правдата на виделина.

За крај, бараме оставка уште веднаш од Лидија Димова. Ваков кадар не смее да раководи со институција која што е директно под надзор на Европскиот совет и комисија и не смее ваква директорка да не срами пред Европската Унија и европските земји, рече Арсовски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонскиот џин Теодор Симиќ пријавен во ростерот на Барса за Евролигата

Next Post

Велешанец тешко повреден во експлозија на плинска инсталација

Реклама